Груевски со реакција на пресудата за „ТНТ“ – ги спореди случаите на СЈО со „Процес“ на Кафка
“Ајде кажи ми како сега да ги рушам некои објекти кои се за рушење, кои се незаконски изградени, после се ова што ти се случува тебе и на другите? Па подобро да одговарам за не срушено нешто што требало да се сруши, отколку за срушено а што требало да се сруши”. Ова прашање ми го постави пред околу две недели во телефонски разговор еден актуелен градоначалник во Македонија, на кое експресно самиот си одговори, за да заврши со зборовите: “Злобата во Македонија расте и допрва ќе расте. Помирувањето е веќе мисловна именка”. Зборовите на градоначалникот со чии дел од разговор го започнав овој текст беа кажани по завршните зборови на судскиот процес “ТНТ” кој се однесува на срушена свесно изградена дивоградба на раскалашен пратеник кој мислел дека преку функцијата се може да направи и секаков закон може да изигра.
Вака поранешниот премиер Никола Груевски, кој денеска доби 9 години затвор за случајот „ТНТ“, го започна своето обраќање преку социјалната мрежа Фејсбук.
Според Груевски, сето ова потсеќало на недовршениот роман на Франц Кафка – “Процес” напишан пред околу 100 години.
„Еден вид алегорија за апсурдната борба на поединецот за зачувување на својот интегритет во машинеријата на инсинуациите и шпекулациите кои се обидуваат да ја разградат личноста. Главниот лик Јозеф К. е под судски прогон, покренат е судски процес против него и низ целиот тек на романот не е јасно зошто е обвинет, односно обвинет е за непостоечка вина“, пишува Груевски.
Груевски вели дека сличности со славното дело „Процес“ на Кафка постојат во речиси сите политички мотивирани прогони последните 5-6 години, произлезени од партиски контролираните обвинителства СЈО и ОЈО.
Тој додава дека станува збор за апсурден политички прогон.
Во продолжение целата реакција:
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни