Силекс во преодниот рок очигледно ќе направи неколку рокади во тимот откако дел од играчите заминуваат во други клубови, но доаѓаат нови квалитетни фудбалери кои треба да обезбедат подобар пласман во следната сезона.
Еден од играчите кој сигурно ќе биде големо засилување во следната сезона ќе биде Стефан Ѓуриќ, 24-годишен играч од врвот на нападот кој играл во Спартак Трнава и Слобода Ужице. Се работи за напаѓач висок 193 сантиметри кој може да им донесе на кратовци доминација пред противничките голови.
