Ѓуровски: Терористичкиот напад во срцето на ЕУ не врати во суровата реалност

Професорот за безбедност Марјан Ѓуровски во „10 МИНУТИ“ на ТВ21 посочи дека терористичкиот напад во срцето на ЕУ, во мултиетничката Виена не вратил во суровата реалност и потенцијалните опасности коишто ги имаме.

„Терористичкиот напад во срцето на Европската Унија во мултиетничка Виена не врати во суровата реалност и потенцијалните опасности коишто ги имаме од асиметричните закани, вклучително и овие терористички напади кој се сериозна опасност за сите земји, и помалите и поголемите“, посочи Ѓуровски.

Тој додава дека врз основа на тоа треба да ги мобилизираме сите заеднички ресурси, а тоа пред се е размената на информации.

.

Извор: ТВ21