Густата магла вечерва повторно го затвори аеродромот во Скопје. Попладнево авионите од Загреб, Атина, Цирих и Истанбул не слетаа, а летовите од Милано и Нирнберг се пренасочени кон Приштина. А откажани се полетувањата од Скопје за Загреб, Атина, Париз, Барселона, Цирих и Истанбул се целосно откажани.


Покрај густата магла, мерните станици попладнево регистрираа и високо ниво на загадување. Најзагадени се Скопје, Тетово, Струмица и Битола.