Гужва во банките – граѓаните ги добиваат назад парите по пропаѓањето на Еуростандард банка

Долги редици граѓани пред банките. Чекаат со часови да ги подигнат парите кои им беа блокирани откако Еуростандард банка замина во стечај.

Се вчитува...

Еден од нив е и пензионерот Кирил Мојсоски. 10 години пензијата ја земал од оваа банка и вели дека бил шокиран кога дознал дека не може да ги подигне своите средства.

Денеска дојде со надеж дека ќе му биде исплатена пензијата во висина од 250 евра.  

Истата судбина ја дели и Горазд Муратовски, кој веќе ги добил парите. Вели дека не стравувал од можноста да не ги добие назад парите.

Инаку, на стотици депоненти им беа блокирани банкарските сметки по одлуката на Народна банка за затворање на Еуростандард. Исплатата на 68.3 милиони евра е само почеток на решавањето на проблемот со пропаднатата банка. Потешка битка се очекува да уследи кога ќе треба да се обесштетат правните лица со влогови над 30 илјади евра.

.

Извор: ТВ21