4NEWS.mk

Хамилтон доминираше и на ГН на Франција

Расте предноста  на светскиот првак Луис Хамилтон во генералниот пласман во шампионатот во Ф-1 откако денеска триумфираше на ГН на Франција што се возеше на патеката Пол Рикар.

            Британецот ја искористи пол-позицијата и водеше до крајот на трката што му ја донесе 6. Победа оваа сезона и вкупно 79. Победа во кариерата.

            Второто место со заостанување од 18 секунди му припадна на неговиот клупски колега Ватери Ботас кој ги одби нападите на Шарл Леклер од Ферари кој го освои третото место.

            Веднаш зад нив пласман обезбедија  Макс Верстапен, Себастијан Фетел и Карлос Саинц.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни