Балкан

ХАОС: Голем пожар во Црна Гора!

ХАОС: Голем пожар во Црна Гора!

Голем пожар денес по 15 часот избувна во населбата Соколана во Бар, Црна Гора.

Над градот се надвисна густ црн чад, а екипи на пожарникари се на терен, јавува Радио Бар. Жителите на оваа населба за порталот Приморски велат дека пожарот бил на педесетина метри од куќи. За среќа, пожарникарите брзо пристигнале на терен, изјавил жител на Соколана, додавајќи дека во воздухот се чувствува непријатен мирис на запалени гуми.

Засега нема информации како настанал пожарот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни