Македонија

Хаос на дербито во Штип: Полицијата интервенираше по пеналот за Брегалница

Хаос на дербито во Штип: Полицијата интервенираше по пеналот за Брегалница

Голем инцидент го одбележа второлигашкото дерби меѓу Брегалница и Шкендија Арачиново, кое денеска се одигра во Штип и заврши без победник 1-1.

Тензичната атмосфера кулминираше во 66. минута, кога домаќините добија пенал кој успешно го реализираа за израмнување на резултатот.

Од таборот на гостите бурно реагираа на одлуката на судијата, по што на теренот настана вистински хаос.

Незадоволството од досудениот пенал предизвика жестоки протести кај фудбалерите на Шкендија Арачиново, а ситуацијата дополнително ескалираше кога на теренот влетаа и дел од членовите на раководството на клубот, кои претходно се наоѓаа на трибината меѓу гостинските навивачи.

Во инцидентот мораше да интервенира и полицијата за да спречи поголеми немири и физички пресметки. По прекинот кој траеше околу десет минути, судијата покажа неколку црвени картони. Исклучен беше тренерот на Брегалница, Влатко Костов, како и комесарот за безбедност на гостинскиот тим.

По смирувањето на тензиите, натпреварот продолжи и заврши со резултат 1-1, епилог што повеќе им одговараше на штипјани во битката за пласманот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни