Голем инцидент се случи во Германија на третиот ден од Европското првенство. Човек кој нападна полицаец со секира и држеше бомба беше застрелан на само неколку стотини метри од фан зоната.
Напаѓачот бил опишан како „тешко повреден“ и бил однесен со брза помош. Илјадници холандски и полски навивачи се во германскиот град во пресрет на натпреварот од групата Д од 15 часот.
Полицијата веднаш го затвори Рипербан, позната улица во градот, по инцидентот. Германскиот весник „Билд“ пишува дека во 12:30 часот по локално време маж нападнал полицаец користејќи секира.
Колегите-офицери прво употребија бибер спреј во обид да го разоружаат пред да испукаат неколку истрели. Мажот потоа колабирал и наводно бил тешко повреден. Областа оттогаш е исчистена од поддржувачи.
Со соопштение се огласи и полицијата во Хамбург.
„Во моментов е во тек голема полициска акција. Според првичните информации, едно лице им се заканувало на полицајците со запаливо средство. Полицијата потоа употребила огнено оружје. Напаѓачот е повреден и моментално му е укажана лекарска помош“.
Холандија и Полска ќе ја отворат програмата во Хамбург со првиот од трите натпревари на третиот ден.