Вршителот на должноста премиер на Косово, Рамуш Харадинај изјави дека Белград од Приштина барал 950 квадратни километри територија во Косово.
Според порталот Коссев, Харадинај додал дека српскиот претседател Александар Вучиќ се уште „се жали“ во разни кругови дека Косово не се согласило на договорот.
Харадинај оцени дека Србите ги координираат нивните настапи и дека на Косово му недостасува координација.
„Тие играат добар и лош полицаец. Вучиќ е добар полицаец. Дачиќ е лош. Тие координираат, а ние не. Хашим го игра добриот полицаец, но против својата земја. Јас сум лошиот полицаец, но јас го штитам Косово”, изјави Харадинај, пренесе Бета.