4NEWS.mk

Харден му даде 10 илјади долари на семејство кое ловеше риби за да се прехрани

Кошаркарот на Хјустон Рокетс, Џејмс Харден им даде 10 илјади долари на членовите на едно сиромашно семејство, пренесува „Кросовер“.

Хуманитарниот чин се случил на бахамите каде една од најголемите ѕвезди во НБА лигата го поминува својот одмор.

Харден при една прошетка забележал дека цело семејство е ангажирано околу риболов за да се прехрани па одлучил со финансиска донација да им помогне.

Мајката во семејството му се заблагодарила на кошаркарот: „Борбата е вистинска. Ти благодарам Џејмс Харден“.

Настанот го документира и го сподели со јавноста поранешниот НБА играч и маркетинг менаџер на Адидас, Трој Пејн. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни