Хавзиу: Најголем дел од преставките беа по владината одлука за родителите на деца до 10 години и хронично болните

Директорот на Државниот инспекторат за труд Аљајдин Хавзиу во „10 Минути“ на ТВ21 откри дека најмногу преставки до нив стигнале по владината одлука за родителите на деца до 10 години и хронично болните да не одат на работа.

„За владините одлуки за родителите на деца до 10 години и за хронично болните беа најголем дел од преставките, но имавме и за условите на работа. Во почетокот одеше тешко со набавката на заштитни маски, ракавици, дезифициенти, но со тек на времето сфатија дека тоа е реалноста и така треба“, додаде Хавзиу.

.

Извор: ТВ21