Директорот на трудовиот инспекторат Хавзиу вели дека работниците се повеќе се охрабруваат да пријават дека газдите не исплаќаат К-15.
Вели дека лани имало над 1.000 претставки.
Во однос на враќањето пари на газдите вели трудовиот инспекторат не е истражен орган и многу тешко може да докаже дека работникот вратил пари.
Таквите случаи работниците треба да ги пријават во МВР.
Сепак, според него, работниците во Македонија станаа луксуз поради масовното иселување. Затоа и се помалку газди бараат пари назад.
Даниел Василев