Хавзиу: Во изминатиот период имавме околу 6.000 преставки од работниците

Директорот на Државниот инспекторат за труд Аљајдин Хавзиу во „10 Минути“ на ТВ21 истакна дека со невладините „Гласен Текстилец“ и „Хелсиншкиот комитет“ имаат доста одлична соработка.

„Кај нас носат преставки откако вработените ќе се пожалат кај нив, иако тоа е мал дел од преставките кои ги работиме, но таа соработка е интензивна поготово од март месец кога започна ковид кризата“, посочува директорот.

Хавзиу вели дека од работниците, како и нивните работодавачи имале добар фидбек, односно смета дека биле свесни околу целата ситуација со коронавирусот.

„Имавме доста жалби и поплаки поготово во почетокот кога имаше одлука на Влада за тоа хронично болните и родителите на деца до 10 години да не одат на работа, тука беа најголемите преставки кои успешно ги решавивме. Малку ни требаше повеќе време затоа што многу економски оператори конкурираат во Македонија, но за еден месец-два можеби, ги решивме сите тие проблеми“, посочи Аљајдин Хавзиу.

Тој додаде дека до сега имале околу 6.000 преставки, односно 6.000 контролни надзори по претходно издадено решение за исправување на одредена ситуација.

.

Извор: ТВ21