Различните пресметки за висината на субвенционираниот студентски оброк предизвикаа остри критики од Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени.
Во „Ноќно студио“ на 4ТВ, Ходаи ја критикуваше министерката за образование и наука поради различните износи што, според него, биле презентирани во јавноста.
„Математиката на министерката не ѝ била најјака страна во школо. За еден месец три различни бројки кажуваат колку треба да биде студентскиот оброк“, рече Ходаи.
Тој посочи дека очекува надлежните во Министерството за финансии да помогнат во утврдувањето на точниот износ.
„Се надевам дека некој што работи во Министерството за финансии ќе ѝ ја каже математиката на министерката, за да не се случи секојпат кога излегува во медиумите да искажува некоја друга бројка“, додаде Ходаи.