4NEWS.mk

Холанѓанец со фалсификувана исправа лишен од слобода на ГП Богородица

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против А.Ч.Ј.У.(29) од Холандија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Ноќеска во 00.30 часот на граничен премин „Богородица“ допатувал со патничко возило „Фолксваген Туран“ со грчки регистарски ознаки и на увид дал бугарска возачка дозвола за која било утврдено дека е фалсификувана.

Пријавениот бил лишен од слобода за понатамошна постапка.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни