​ХОРОР НАД ЊУ ЏЕРСИ: Два хеликоптери се судрија во лет – еден загинат, друг се бори за живот

Тешка хеликоптерска несреќа се случи денеска во јужниот дел на Њу Џерси, САД. Федералната администрација за авијација (ФАА) потврди дека дошло до судир на два хеликоптери во воздух, при што едно лице го загуби животот, а друго е во критична состојба.

​Несреќата е пријавена утрово околу 11:25 часот по локално време во близина на Хамонтон.

Се вчитува...

​Едниот хеликоптер изгорел на земја

​Шефот на полицијата во Хамонтон, Кевин Фриел, изјави дека спасувачките екипи веднаш излегле на терен.

​Еден од хеликоптерите по падот бил целосно зафатен од пламен, кој пожарникарите успеале да го изгаснат.

​Видео снимките од местото на настанот покажуваат застрашувачки момент во кој еден од хеликоптерите неконтролирано се врти додека паѓа кон земјата.

​Властите потврдија:

​Едно лице е загинато на лице место.

​Едно лице е пренесено во болница со повреди опасни по живот и се наоѓа во критична состојба.

​Истрагата за причините за судирот е во тек, а на терен се и претставници на Националниот одбор за безбедност во сообраќајот (NTSB).