Корејскиот фудбалер Ли Сунг Мо, од тимот на Квангжу го скрши вратот за време на еден натпревар по страшниот пад по еден воздушен дуел.
Инцидентот се случил во 7-ма минута од мечот Квангѓу Дежон во полуфиналето на Втората лига.
Сунг Мо скокнал на назад и се превртел преку грбот на еден противнички фудбалер по што паднал директно на главата.
Судијата моментално го прекинал натпреварот и ги повикал докторите на теренот.
20-годишниот Мо експресно е пренесен во болница.

На медицинските прегледи е потврдено дека Сунг Мо при падот доживеал три фрактури на вратниот дел на кичмата и дека неговото заздравување ќе трае три месеци.
На крај може да се заклучи и дека младиот Мо имал голема среќа во овој инцидент.
Извор: Сител
