4NEWS.mk

Хорор во Австрија: Дете (3) ја заглавило раката во машина, морале да му ја ампутираат за да го спасат

Во еден деловен простор во австрискиот град Перг се случи страшна несреќа при што едно дете (3) ја провлекло и ја заглавило раката во машина – т.н. вијчен транспортер.

На местото на несреќата пристигнале екипи на итната помош, но раката на детето можела да се ослободи само на еден начин – со ампутација.

Тригодишното дете со спасувачки хеликоптер на австриски автомобилски клуб е префрлен во болница. Австриските медиуми пишуваат дека не е јасно дали на детето ќе може да му се пришие ампутираната рака.

Тимот за кризни интервенции моментално се наоѓа на местото на трагедијата и се грижи за шокираните членови на семејството на тешко повреденото момче.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни