Хорор во Лондон: Бремена жена (26) избодена со нож почина, лекарите се борат за животот на нејзиното бебе

Во текот на ноќта во Лондон е убиена 26- годишна жена, која била во осмиот месец од бременоста, а лекарите се борат за животот на бебето.

Полицијата добила повик во јужен Лондон околу 3.0 часот, каде на само место ја пронашле бремената жена во тешка состојба, ја породиле на самото место и бебето го префрлиле во болница во критична состојба, пренесува Ројтерс.

Избодената жена одоцна им подлегнала на повредите. а 37-годишен маж е уапсен поради наводна вмешаност во нападот.

„Ова е ужасен инцидент во кој млада мајка го загуби животот, а нејзиното дете е во критична состојба“, рекол детективот Мик Норман за Ројтерс.

Во Лондон се случил уште еден напад во кој животот го загуил маж на возраст од околу 30 години.

Како што соопшти полицијата, мажиот исто така е избоден, но не верува дека нападите се поврзани.

Ројтерс наведува дека британската премиерка Тереза Меј ја обвинуваат дека поради смалувањето на финансирањето на полицијата и социјалната помош дошло до голем пораст на насиство извршено со нож.

Според официјалните податоци, во 208 година во Англија и Влес, се случиле 285 смртоносни напади во кои е користен остар предмет, што е највисоко ниво откако се води статистика за ваквите инциденти.

Извор: Сител телевизија