Поврзи се

4NEWS.mk

Хорор во Скопје: Се урна тераса на која седеле, повреден скопјанец (23) и неговите 3 малолетни деца

Вчера во 18.22 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Е.К.(23) од Скопје и неговите три деца на возраст од шест, три и две години.

Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека сите четворица се повредиле откако се срушила терасата на која седеле.

Кај тригодишното дете биле констатирани тешки телесни повреди, додека останатите три лица се здобиле со телесни повреди.

Се работи на расчистување на случајот.

Извор: Сител телевизија

Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com