4NEWS.mk

И во Тетово крвава драма – со остар предмет повредени три лица

Денеска во 03.55 часот во СВР Тетово пријавено е дека во Гостивар во стан на ул. Илинденска  има повредени лица со повреди од остар предмет. Веднаш се упатени полициски службеници и констатирано е дека повредени се С.Т. (78), Б.Р. (60) и С.Р (54) кои биле пренесени во Медицински центар Гостивар за укажување на помош, каде С.Т. починала. Во врска со случајот приведен е Ѓ.Д. (46) од Гостивар. Под раководство на јавен обвинител се работи на расчистување на случајот.

 

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни