AlbanianBulgarianEnglishGreekMacedonianSerbianTurkish

Икањето придонесува за развој на мозокот кај бебињата

Предвремено родените дека икаат (штуцкаат) и до 15 минути дневно, а едно ново истражување покажува дека се работи за механизам што придонесува за развојот на мозокот.

Тпа се дефинира како ненадејна контракција на дијафрагмата, а научниците од Одделот за неврологија, физиологија и фармакологија при Колеџот во Лондон велат дека работат на развивање електрични импулси во мозокот што можат да им помогнат на бебињата полесно да го регулираат дишењето.

Тие зеле 13 новороденчиња, кои се родени предвреме, и кои вообичаено икаат, а нивната возраст е од 30 до 42 недели.

Тие во својата студија пишуваат дека читањето на мозочната активност преку електроди поставени на скалпот дејствува во согласност со сензорите за движење на телото.

Овој труд е објавен во списанието „Clinical Neurophysiology“, а резултатите покажуваат дека контракциите на мускулите причинети од икање предизвикуваат изразен одговор во мозочниот церебрален кортекс, додека пак реакцијата е слична како таа од предизвикање на бучава, а мозокот на бебето го поврзува звукот на икањето со контракција на мускулите на дијафрагмата.

Еден од авторите на овој труд, Лоренцо Фабризи вели дека активноста што произлегува од икањето всушност му помага на мозокот на бебето да научи како да ги контролира мускулите за дишење, така што процесот се контролира со поместување на дијафрагмата, па така, ова е еден битен фактор во развојот за новороденчињата и на нивниот мозок.