Законот за обвинителство кој утринава пристигна во Собранието не е истата верзија која синоќа била договорена меѓу коалициските СДСМ и ДУИ со цел да се обезбедат 80 пратеници, тврдат извори од партијата на Али Ахмети.
Пратеникот на ДУИ и претседател на Комисијата за европски прашања Артан Груби не сакаше да потврди дали навистина ќе има отстапки од Договорот за Законот но остави простор такво нешто да се случило.
– Тукушто стигна Законот за обвинителство треба да проверам дали се работи за истата верзија која синоќа ја договоривме и во која беа инкорпорирани нашите забелешки или има некакви измени во владиниот предлог, ако Законот е истиот само тогаш ќе биде ставен на дневен ред на Комисијата за европски прашања и ќе има време да биде изгласан до планираното распуштање на 12 февруари, изјави Груби.
Тој вели дека договорената верзија на Законот ќе и се допадне и на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и очекува поддршка дури и од нив.
Катерина Нешкова
