4NEWS.mk

Ин мемориам: Почина Бранко Костадиновски

На 68-годишна возраст, синоќа, во Скопје, почина Бранко Костадиновски (1952-2020). 
 
Тој речиси целиот работен век (до 2015-та) го помина во Фудбалската федерација на Македонија. Беше дел од Комисијата за натпреварување задолжен за Прва и Втора македонска фудбалска лига, а подоцна задолжен за натпреварувањата во футсал преку Комисијата за мал фудбал.
 
Погребот е утре во 12.00 часот на гробиштата во Ѓорче Петров.  Претставник на Фудбалската федерација на Македонија ќе му оддаде последен поздрав на долгогодишниот фудбалски работник.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни