4NEWS.mk

Индија го одби предлогот САД да посредува во спорот со Пакистан

Индија денеска повторно ја одби понудата на американскиот претседател Доналд Трамп, САД да посредува во спорот со Пакистан за Кашмир.

Шефот на индиската дипломатија Субрахманјам Јашанкар на средбата со американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека „каква било дискусија за спорниот хималајски регион ќе се води помеѓу Индија и Пакистан“.

Средбата помеѓу Јашанкар и Помпео се одржа на маргините на Азискиот самит за безбедност (АСЕАН) што се одржува во Бангкок.

Индија подолг период одбива помош од страна, додека Пакистан во спорот за Кашмир бара меѓународна помош. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни