Инспекторат на Град Скопје и Пожарна интервенира на намерно подметнат пожар во депонијата во Визбегово

Инспекторатот на Град Скопје, заедно со Пожарникарите, во моментов интервенира на намерно запален пожар во Визбегово. Инспекторатот вели дека во последните денови се забележани многу намерно предизвикани пожари.
„Во моментов на депонијата во Визбегово екипи на Пожарна Скопје,  помогнати од багерите на ЈП Дрисла и Улици и Патишта гаснат намерно подметнат пожар од страната на Шутo Оризари. Овие пожари се лесни да се запалат, а многу тешки да се угасат заради потповршинските гасови на депонијата. Тие можат да тлеат со денови и да се појават одново и кога делуваат угасени.
Деновиве бележиме голем број на намерно запалени огнови на отворено на Вардариште и во населбите Маџари и Лисиче. Некои од нив беа откриени од нашите инспектори и не беа воопшто пријавени на 193. Ги потсетуваме граѓаните дека најбрзиот начин тие да бидат сузбиени е јавување на 193, а мешаните тимови на инспекторатот, противпожарната бригада, полицијата и црвениот крст, се задолжени за идното нивно превенирање.“, соопштија од Инспекторатот на Град Скопје.

.

Извор: ТВ21