Инстаграм повторно не работи, некои корисници добиваат известувања дека нивната сметка е суспендирана

Некои корисници на Инстаграм известуваат дека не можат да се поврзат со нивните профили на социјалната мрежа.

Корисниците на социјалната мрежа пријавиле проблеми и пред четири дена. Инстаграм тогаш беше неактивен околу еден час за некои луѓе.

„Свесни сме дека некои од нашите корисници имаат проблеми со пристапот до нивниот профил на Инстаграм. Ја проверуваме ситуацијата и се извинуваме за непријатностите“, објавија од Инстаграм на Твитер.

Даун Детектор сними голем број извештаи за падот на Инстаграм по 14 часот денеска. Некои известуваат дека нивните објави се избришани, па дури и дека нивните сметки се суспендирани.

„Ја суспендиравме вашата сметка на 31 октомври 2022 година. Имате уште 30 дена да ја обжалите оваа одлука“, е пример за пораката што ја добиле некои корисници.