Македонија

Интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Тошковски на дневен ред во Собранието

Интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Тошковски на дневен ред во Собранието

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денес ќе биде предмет на расправа во Собранието, по интерпелацијата поднесена од опозициската партија Левица. Претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопшти дека расправата е закажана за среда и дека пратениците ќе дебатираат за наводите содржани во документот поднесен во мај годинава.

Во интерпелацијата, Левица го обвинува Тошковски за саботирање на истраги, селективна правда, непрофесионално постапување на полицијата и судир на интереси. Партијата претходно оцени дека Министерството за внатрешни работи (МВР) функционира како „приватна партиска полиција“.

По поднесувањето на интерпелацијата минатиот месец, Тошковски јавно реагираше дека со третата интерпелација против него Левица се претвора во најкорисен сојузник на СДСМ и ДУИ — партии против кои, како што наведе, со години граделе имиџ на алтернатива, а во пракса ги бранат преку напади кон секој што се обидува да воведе ред, одговорност и функционален систем. Тој оцени дека иницијативата не е израз на грижа за државата, туку евтин политички обид да се закочи процесот на справување со криминалот, корупцијата и долготрајната неказнивост, додавајќи дека кога системот конечно почнува да функционира, најмногу се вознемируваат оние што профитирале од неговото нефункционирање. Оваа позиција Тошковски ја изнесе во објава на социјалните мрежи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни