Инцидент во полициската станица Гази Баба, полицаец чистејќи пиштол се застрелал во дланка

Рано утрово во 06,15 часот во Полициската станица Гази Баба, во службена просторија полицискиот службеник Д.Ѓ.(26), кој бил на работа при чистење на службениот пиштол испукал еден куршум и се повредил во пределот на левата дланка. 

Се вчитува...

За време на настанот во просторијата бил и уште еден полициски службеник кој не бил повреден. Д.Ѓ. бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Извор: Сител телевизија