4NEWS.mk

Иран најави нова генерација центрифуги

Иран ќе развие нова генерација центрифуги за збогатување ураниум, најави заменик директорот на иранската нуклеарна агенција Али Ашгар Зареан.

– Во блиска иднина ќе ја претставиме новата генерација центрифуги од домашно производство, истакна Зараен, без да соопшти повеќе детали.

Официјален Техеран во септември соопшти дека почнал да развива центрифуги, со цел да го забрза збогатувањето на ураниум во рамки на настојувањето да го намали почитувањето на обврските кон нуклеарниот договор со шесте светски сили постигнат во 2015 година.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни