4NEWS.mk

ИРНА: Две ракети погодија ирански танкер

Иранската државна агенција објави денеска дека утрово две ракети погодиле ирански танкер со нафта во Црвеното Море, крај брегот на Саудиска Арабија.

Засега нема реакција од Саудиска Арабија, додека американската морнарица соопшти дека е свесна за инцидентот, но не коментира повеќе.

Претходно, иранската агенција ИСНА јави за експлозија на ирански танкер со нафта во Црвеното Море, додавајќи дека експерти веруваат дека станува збор за „терористички напад”.

Експлозијата предизвика пожар на нафтениот танкер, што припаѓа на Националната иранска нафтена компанија, лоцирана на стотина километри од саудискиот пристанишен град Џеда.
Експлозијата предизвика сериозни оштетувања и истече нафта во Црвеното Море, изјавија за ИСНА неименувани извори.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни