4NEWS.mk

Исчезна 28-годишна Русинка во Белград: Повикана полицијата, пријавено и во Интерпол

Исчезна 28-годишна Русинка во Белград: Повикана полицијата, пријавено и во Интерпол

Руската државјанка Људмила Туркова Константиновна (28) исчезна во саботата, на 25 јули, во белградската општина Палилула. Според информациите од нејзините блиски, таа се подготвувала да излезе во ноќен клуб, но не е познато дали воопшто стигнала таму.

Последната порака Људмила ја испратила истата вечер во 23:15 часот, по што нејзиниот телефон е исклучен и таа не е активна на социјалните мрежи. Во моментот на исчезнувањето, можно е да била облечена во црни хеланки или во посветла облека.

Опис на исчезнатото лице:

  • Висина: 164 см
  • Тежина: околу 55 кг
  • Коса: долга, руса
  • Карактеристични знаци: пирсинг на носот и неколку специфични тетоважи. Има тетоважа со две змии на предниот дел од левата бутина, голема калиграфска тетоважа на десната потколеница, како и тетоважи во јапонски стил на рамената и неколку помали цртежи на телото.

Другарка на исчезнатата девојка изјави дека за официјална истрага од локалните власти во Србија се чека Интерпол да ја препрати пријавата која нејзината мајка веќе ја поднела во Русија.

Пријателите апелираат до сите кои ја виделе Људмила или имаат каква било информација за нејзиното движење, веднаш да стапат во контакт. Информациите можат да се пријават на телефонскиот број на нејзината другарка Дарија: +381 65 304 29 17, или во најблиската полициска станица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни