Свет

Исчезна воениот авион со потпретседателот на Малави

Исчезна воениот авион со потпретседателот на Малави

Воениот авион во кој се наоѓаше потпретседателот на Малави Саулос Чилима и уште девет лица исчезна, а потрагата е во тек, соопштија од кабинетот на претседателот.

Авионот со потпретседателот Саулос Чилима го напушти главниот град Лилонгве, но не слета на својата дестинација – меѓународниот аеродром Мзузу, околу 370 километри северно.

Воздухопловните власти изгубиле контакт со авионот кога исчезнал од радарот, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на Малави Лазар Чаквера.

Чаквера нареди операција за пребарување и го откажа патувањето на Бахамите, се додава во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни