Македонија

Исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството

Исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека е реализирана исплата од вкупно 1.021.527.000 денари кон 2.139 одгледувачи на овци за мерката 2.6 – директни плаќања за обележани грла овци постари од 12 месеци. Исплатата се однесува на Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2025 година.

„Остануваме посветени на оваа сточарска гранка“, велат од министерството, нагласувајќи дека поддршката кон овцеводството ќе продолжи и во наредниот период со цел стабилизирање на приходите и развојот на сточарството.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни