Првиот брод за крстарење изграден во Кина, кој може да прими повеќе од 5.000 патници, исплови денеска од Шангај на своето прво патување.
Бродот Адора Меџик Сити, тежок 135.500 тони, е заеднички нарачан од China State Shipbuilding Corp и американската корпорација Carnival Corp, пишува Financial Times.
Бродот има повеќе од 20 ресторани и барови, затворен парк со палми, театар со речиси 1.000 седишта и трговски центар од 2.000 квадратни метри и може да прими 5.246 патници, се вели во соопштението на компанијата што го изгради, CSSC. Шангај Ваигаокиао.