Македонија

Историски успех: Катерина Ацевска е прва во светот во џиу-џицу!

Историски успех: Катерина Ацевска е прва во светот во џиу-џицу!

Македонскиот спорт доби уште една голема меѓународна потврда, откако џиу-џицу натпреварувачката Катерина Ацевска се искачи на самиот светски врв во својата категорија и од денеска е официјално број еден на светската ранг-листа.

Овој историски успех доаѓа како резултат на нејзините континуирани настапи и врвни резултати во изминатите сезони, со што Ацевска го презеде првото место во сениорска конкуренција над 70 килограми. Таа зад себе остави голема конкуренција од околу 70 натпреварувачки од 30 различни држави.

Од Џиу-џицу федерацијата на Македонија истакнуваат дека станува збор за резултат кој е плод на долгогодишна посветеност, дисциплина и огромни лични жртви.

„Овој резултат доаѓа по 15 години напорна работа и посветеност, многу вложување и многу откажување. Многу пролеана пот и крв, многу тренинг кампови, повреди, неправди, непреспиени ноќи и финансиски тешкотии. Една цела младост…“

„Ова е резултат на бројни турнири, медали од светски и европски првенства, Гранд При и Балкански натпреварувања. Не застануваме тука – ќе се обидеме да го задржиме првото место што е можно подолго. Ова е голем мотив, но и обврска да продолжиме уште посилно“, порачуваат од федерацијата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни