Поврзи се

4NEWS.mk

Истрага за компанијата на опозицискиот лидер во Израел, Бени Ганц

Published

on

Израелски обвинители денеска соопштија дека ќе покренат кривична истрага за компанијата на опозицискиот лидер во израел, Бени Ганц.

-Текстот продолжува по рекламата-

Во соопштението на израелското Министерство за правда се наведува дека израелската полиција ќе спроведе истрага за компанијата  „Петта димензија“.

Во соопштението не е наведено дали Ганц е осомничен.

Изборите што ќе се одржат на 2 март се само две недели пред судењето за корупција против израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају.

Како што пренесуваат локалните медиуми, за време на целата кампања Ганц се обидува вниманието да го насочи кон правните проблеми на Нетанјаху и себеси да се претстави како искрена алтернатива без скандали.

Претходно денеска Ганц негираше дека направил нешто лошо и дека се чека истрага за финансиското работење на неговата фирма.

– Сето тоа звучи како политички притисок за тоа прашање да се стави на дневен ред јавноста, изјави Ганц за израелското воено радио и додаде дека компанијата е контролирана и во минатото и дека ништо не е откриено. 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

Реклама
Македонија

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО ОД ШТИП: Момчиња тепаат девојка, МВР најави најстроги санкции

4NEWS.mk

Почина најстариот брат на Борис Трајковски- Мојсеј Трајковски

4NEWS.mk

Австралиски научници открија: Лек против вошки го убива вирусот Ковид-19

4NEWS.mk

Во Австрија за првпат повеќе оздравени од новозаразени

4NEWS.mk

Бил Гејтс предлага три чекори за справување со новиот коронавирус

Македонија

Спасовски: 250 илјади вработени можат да добијат минимална плата од 14.500 денари за април и мај

4NEWS.mk

Жител на Горно Коњаре осомничен за обид за убиство и за напад врз полициски службеници

Македонија

Што доколку добивте отказ или договор за спогодба на работа? Одговара Ангеловска во „Click Plus“

4NEWS.mk

Пациентот од Кратово кој синоќа почина во Ковид центарот во ГОБ 8-ми септември не бил позитивен на корона вирусот

4NEWS.mk

Северна Кореја тврди дека нема ниту еден случај на Ковид-19

Реклама
WP2FB Auto Publish Powered By : XYZScripts.com