Адвокатот на Боки 13, Сашо Дуковски, денеска по давањето исказ на неговиот клиент Бојан Јовановски, рече дека добиле известување дека истрагата за „Рекет“ е завршена. Тој вели дека ова е апсурдно, во ист ден да се даде известување дека истрагата е завршена, а потоа да се вика осомничен на распит, каде што беше денеска Бојан Јовановски. Дуковски смета дека ова бил прв распит.
„Од носење на одлука за наредба за почнување истрага за овој случај и притворањето на Бојан Јовановски, и после сите превземени дејствија, тој денеска е за прв пат викнат да даде исказ. И тоа е во ред. Но не е во ред, кога вие не знаете ништо за каков доказ се обвинувате, кои се основите за сомнавање. Денеска добивме известување дека истграга е завршена. Еве го известувањето кое што носи датум 23.09.2019.
Ова досега во историјата на македонското правосудство не се случило. Во истиот ден да се донесе дејствие за завршена истрага, и да се бара да се даде исказ од осомничен, кој претходно ниту еднаш не бил известен за доказите. Ова се нема случено во историјата на македонското правосудство.
Знаеште како е ставот на ЕУ во Стразбур? При прв распит, веднаш треба осомничениот да биде запознаен со доказите против него. Денеска ЈО ја завршува истрагата, ни дава потпишпете се за завршена истрага, а не беше досега викнат на распит. И сега треба да вршиме увид во предмет на завршена истрага, што е нон-сенс“, рече Дуковски.