Со новите измени на Законот ќе се зголеми обемот на компании кои можат да аплицираат за државна помош, се олеснуваат критериумите за аплицирање и се врши допрецизирање на термините и одредбите.
Со новите измени државна помош ќе можат да добијат земјоделските преработувачки фирми кои не добибаат помош од ИПАРД, градежни компании и трговци кои сакаат да се ориентираат во производство. 4.000 компании ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка.
Вицепремиерот Анѓушев информираше дека сите кои склучиле договори ги добиле парите, а така ќе биде и со новиот повик. Пари нема да се добијат однапред, туку ќе треба прво да се инвестира, а потоа државата враќа дел од средствата. Досега преку овој Закон поддржани се над 300 домашни компании.
Склучени се 30 договори, од кои 20 со компании во ТИРЗ-овите и 10 надвор од нив.
Даниел Василев
