4NEWS.mk

Италија денеска добива нова влада

Во Рим денеска ќе стапи на должност новата италијанска Влада на чело со досегашниот премиер Џузепе Конте.

Инаугурацијата на владата ќе се оддржи претпладнево во претседателската палата, јавуваат британските медиуми.

Новата влада ќе ја сочинуваат Движењето пет ѕвезди, членка на досегашната владеачка коалиција, и опозициската Демократска партија.

Формирањето на новата влада доаѓа по распадот на досегашната коалиција на Движењето пет ѕвезди и десничарската Лига на Матео Салвини, кој сакаше нови избори, надевајќи се дека би можел на нив да добие мнозинство доволно за Лигата сама да формира влада, а со оглед на големата популарност што во моментов лично ја ужива заради својата антиимигрантска и анти-ЕУ политика.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни