Што би направиле доколку случајно најдете чанта со речиси 10.000 евра во кеш?
Дарио Педучи, 63-годишен пензионер од Поњана Ларио, не се сомневаше: го предаде на карабинерите, без да земе ниту цент. Дарио бил уште пошокантен со својата добрина кога не сакал да ја земе наградата што му ја понудиле српските туристи, на кои уредно им ги вратил парите.
– Го направив она што ми го кажа срцето, единственото нешто што го почувствував е правилно – изјави тој за италијанските медиуми.
Карабинерите успеале да го лоцираат својот сопственик – 27-годишен српски турист кој бил на одмор со сопругата и двете деца на езерото Комо.
За да му се заблагодари за благородниот гест, туристот му понудил награда од 500 евра. Но, италијанскиот пензионер им одговорил на Србите: „Не, благодарам“.
Во чантата имало 9.110 евра
63-годишникот ја нашол чантата вечерта на 5 јули, пред бар во Поњана Ларио, додека се шетал со сопругата Марија Грација.
Внатре имало 9.110 евра, во банкноти од различни апоени и 340 динари. Без документи, само визит-картичка со телефонски број. Благодарение на тој контакт, карабинерите успеале да му влезат во трага на сопственикот.
Српскиот турист за малку немал време да очајува поради загубата: предупредувачкиот повик стигнал од полициската станица додека Дарио се уште давал изјава во полиција.
Така, италијанскиот пензионер и сопственикот на чантата се сретнале во полициска станица и си подале рака.
-Не знаеше да ми се заблагодари, неговата сопруга дури и плачеше. Сакаа по секоја цена да ми дадат награда, не сакав ни да прифатам, не ми се чинеше дека сум направил нешто посебно, затоа што ми изгледаше нормално да ги вратам парите. Не ни размислував што можам да направам со тоа. Живеам од пензијата и заработувам доволно: 10.000 евра најдени на земја сигурно не се малку, но не беа мои – изјави овој искрен Италијанец.
