Свет

Италијанка скокна од осумметарска карпа во Истра, падна на грб во плитка вода

Италијанка скокна од осумметарска карпа во Истра, падна на грб во плитка вода

26 годишна италијанска државјанка е тешко повредена вчера додека скокала од карпа на ’ртот Камењак. Девојката скокнала од висина од околу осум метри, но завршила во плиткото море кога паднала, соопшти полицијата.

Несреќата се случила околу 13 часот кога 26-годишната девојка скокала од екстремно стрмна карпа. Во еден момент, таа го изгубила правецот на скок и удрила во морската површина со грбот во плиткиот дел. Другите пливачи ѝ пружиле прва помош додека не пристигнала брзата помош, која ја пренела во болницата во Пула. Таму било утврдено дека таа претрпела сериозни телесни повреди.

За да се избегнат вакви несреќи, Полициската управа на Истра ги предупредува граѓаните и туристите да бидат внимателни при скокање во морето. Не скокајте во водата од големи височини или на места каде што не ја знаете точната длабочина. Полицијата, исто така, не препорачува скокање од карпи и други локации кои не се означени како даски за нуркање или каде што скокањето е забрането.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни