Македонија

ИТНО: Се бара 84-годишната Роса Митковска од населбата Илинден, се апелира за помош до граѓаните

ИТНО: Се бара 84-годишната Роса Митковска од населбата Илинден, се апелира за помош до граѓаните

Семејството и надлежните упатуваат итен апел до јавноста за помош во пронаоѓањето на 84-годишната Роса Митковска, која денеска исчезна во скопската населба Илинден.

Според информациите од блиските, Роса последен пат е видена денеска (11 септември 2026 година) околу 14:00 часот. Исчезнатата жена страда од деменција, поради што постои загриженост за нејзината безбедност.

Се молат сите граѓани кои живеат или се движат во населбата Илинден и околината внимателно да ја набљудуваат околината. Доколку ја забележите или имате каква било информација што би помогнала за нејзино пронаоѓање, веднаш јавете се на телефонскиот број:

  • Контакт телефон: 070/501-399
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни