СЗО смирува: Хантавирусот не е нов Ковид-19
Светската здравствена организација (СЗО) објави официјално соопштение во врска со случаите на хантавирус регистрирани на еден крузер, нагласувајќи дека овој настан не претставува најава за нова глобална пандемија. Според експертите, ширењето на овој вирус е значително поразлично од коронавирусот.
Како се пренесува вирусот?
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, појасни дека хантавирусот не се шири лесно преку воздухот како респираторните вируси. Преносот од човек на човек е можен само при:
- Бизок и интимен контакт;
- Продолжен контакт со заразено лице;
- Специфични услови какви што постоеле на затворениот простор на крузерот.
Број на заболени и моментална состојба
На крузерот кој пловел во Атлантскиот Океан досега се потврдени пет случаи на инфекција, додека три се водат како веројатни. За жал, три лица починаа од последици на вирусот. Меѓу жртвите е и 70-годишен државјанин на Холандија.
СЗО предупредува дека поради долгиот период на инкубација, кој може да трае до шест недели, можно е во претстојниот период да бидат пријавени уште неколку случаи кај патниците кои веќе го напуштиле бродот.
Ризикот за Европа е низок
Европската комисија исто така излезе со став за ситуацијата. Портпаролката Ева Хрнчирова истакна дека, врз основа на сите достапни докази, ризикот за јавното здравје и за граѓаните на Европа останува на ниско ниво.
Надлежните органи работат на следење на сите патници кои биле изложени на вирусот за да се спречи понатамошно локално ширење, но децидни се дека епидемијата е ограничена и под контрола.
