Македонија

Изет Зеќири реагира за изјавата на Дураку – Дураку: Професорите нека си ја гледаат својата работа

Универзитетскиот професор, Изет Зеќири, реагираше на изјавата на вицепремиерот Садула Дураку што ја даде во емисијата „Клик Плус“. Зеќири вели дека самиот вицепремиер не е способен да раководи со секторот во кој е назначен пред неколку месеци.

-Целата Владата има 294 државни службеници, а Секретаријатот за Рамковен договор за чудо има 1.550 вработени државни службеници кои седат дома над 10 години, поради неспособноста на вицепремиерот кој раководи со овој сектор. Со неодење на работа не се развиваат вештините. Менаџирањето со човечки ресурси во институции подразбира: регрутирање, селекција, поставување на работа, едукација, формирање, развој, проценка и наградување на младите Албанци, за тие да бидат повешти и поконкурентни. Овој процес тие го немаат видено ниту на сон“, напиша Зеќири.

Контра-одговор од вицепремиерот Дураку. Тој кратко рече дека професорите треба да ја вршат нивната работат на универзитетите. Вчера реагираа и студентите кои рекоа дека токму оние што се во администрација, се вработени партиски. Дураку упати критики за квалитетот на образованието во албанските универзитети, велејќи дека некои дипломирани студенти не знаат да пополнат ниту еден формулар.

-Кога доаѓа наш кадар, не знае ниту едно барање на пополни. Кај што раководиме ние и кога ќе ни дојдат во администрација, доаѓаат од тие универзитети и од тие средни училишта-вели Дураку.

Од Министерството за образование, уверуваат дека се преземени мерки за подобрување на квалитетот на образованието, како никогаш досега. Инаку, универзитетите во Македонија и годинава не се најдоа на листата меѓу 1.000 најдобри според Шангајската ранг листа. Универзитетот на Југоисточна Европа се најде на 3.881 место, додека Државниот универзитет во Тетово се рангираше на 4.912 место.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни