Поврзи се

4NEWS.mk

Изгласан Законот за младинско учество и младински политики

Published

on

Собранието на денешната 130-та седница со 60 гласови „за“ и еден „против“ го изгласа Законот за младинско учество и младински политики, чија цел, како што стои во документот, е зајакнување на учеството на младите во процесите на креирање на политики, поттикнување на волонтерство, младинскиот активизам и младинската работ, како и личен, професионален и социјален развој кај младите.

-Текстот продолжува по рекламата-

Со новиот закон Владата и општините се обврзани да донесат стратегии за млади со посебни акциски планови, а општините се задолжуваат и да формираат канцеларии за млади и младински центри и да одредат службеник за млади кои ќе бидат посебни сервиси за младите кои произлегуваат од законот.

Во рок од пет години секоја општина треба да овозможи функционирање на најмалку еден младински центар на територијата на општината, а во рок од една година од влегувањето во сила на овој закон треба да се воспостави истражувачки центар за различни теми поврзани со младите во рамките на Агенцијата за млади и спорт.

На носењето на законот му преходеа дискусии за Законот организирани низ повеќе македонски градови, а беа консултирани и младинските организации. За потребата од носење на овој закон имаше консензус од партиите на власт и опозицијата.

На денешната седница, претеникот Влатко Ѓорчев истакна дека откако „шарените револуционери“ преземаат активности за младите, земјата станала, како што рече, држава на стари лица, на што пратеничката Ивана Туфегџиќ, која е меѓу предлагачите на законот, реплицираше дека цели две години се работело на изготвување на текстот, посочувајќи дека воопшто и нема закон за млади лица.

Со 74 гласови „за“ на денешната седница беше изгласан и Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, со што се овозможува материјално обезбедување на лица на кои им престанал работниот однос по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок во периодот од 1 јануари 1993 до 3о јуни 2019 година во претпријатија со доминантна сопственост на државата или по нивна приватизација, доколку не го промениле единствениот матичен број на субјектот, а во случај на промена истите да произлегуваат од претпријатието со доминантна сопственост на државата.

Материјално ќе се обезбедат лицата кои со претходните законски решенија имале возраст помалку од 52 години (жена), односно 55 години ( маж), како и лица на кои им престанал работниот однос во периодот од 1 јануари 1993 година до 30 јуни 2019 година.

Собранието ја изгласа и верификацијата на мандатот на пратеничката Емилија Трајковска, која доаѓа на местото на Невенка Стаменковска-Стојковски. 

Извор: Сител телевизија

Loading...
Совет за етика во медиуми

4NEWS.mk

Откажани бараж натпреварите за Втора МФЛ

Македонија

Колепката само симбол за новороденчињата, столарството во исчезнување, младите немаат интерес за занаети

4NEWS.mk

Позитивни на коронавирусот 36 туристи кои пристигнале во Грција, мнозинството од Србија

Македонија

Отворени галериите, музеите и библиотеките, Националната галерија ќе му мери температура на секој посетител

4NEWS.mk

Вонпарламентарните партии ги изнесоа своите ставови

Македонија

Нема лек за Ковид-19, пациентите оздравуваат – Стевановиќ: Барајте помош кај лекарот, не е срамота да бидеш болен

4NEWS.mk

Кампањата продолжува, СДСМ е во Штип, ВМРО-ДПМНЕ во Струмичко, ДУИ во Желино

4NEWS.mk

Докторката која криеше дека е заразена со коронавирус се врати на работа во Кожната клиника

Македонија

Заев: За време на коронавирус Мицкоски беше во теретана, Мицкоски: Додека јас вежбав, вие крадевте

4NEWS.mk

Двајцата насилници кои претепаа девојка во Штип пуштени на слобода

Македонија

Лифтовите потенцијални жаришта на коронавирусот – како да ги направиме безбедни?

Македонија

Венко Филипче тројно погледан на ТВ21 од Канал 5 телевизија

Македонија

Соопштение за мерките на ВРСМ за првата фаза на олабавување на вонредните околности

Македонија

ТВ21 ЕКСКЛУЗИВНО: Потврден говедски коронавирус во Македонија, човек може да го зарази својот миленик, но не и обратно

Музика и Филм

„THE ELEPHANT“ прв македонски краткометражен филм со ирски и старо англиски акцент

Музика и Филм

Македонец во Словенија направи песна репрезент за градот

Македонија

ВИДЕО: Силна експлозија во фабрика во Битола – на терен противпожарни екипи

Музика и Филм

НОВО ВИДЕО: Момците од Театро бенд пеат „За тебе“

Македонија

ВИДЕО: Секоја чест! Полицајци од ПС Бутел спасија мало куче од дупка длабока 4 метри

Македонија

(ВИДЕО) Пенадровски: Да не сум претседател и јас би се иселил од Македонија