Се враќаме по 4 месеци на земјиштето кое беше подарено за изградба на основно училиште во Паничари, општина Сарај. Како го оставивме така и го најдовме. Ништо не е почнато за изградба на училиштето.
Екрем Јакупи кој што го донираше земјиштето на општината, вели дека не знае зошто се одложува изградбата и додава дека ќе било подобро сами да почнале да градат, бидејќи до сега ќе било готово училиштето.
„Ја видовте мојата куќа, едно лице има направено две куќи кога сака да работи, не знам зошто се прави толку голема работата околу училиштето, подобро да ја оставев мојата куќа и да почнев да го градам сам училиштето. Да почнев сам ќе го завршев“, изјави Екрем Јакупи.
За да видиме каде заглавиле работите околу отидовме и во општина Сарај. Одговорното лице за основно образование Фари Реџепи вели дека интензивно се работи за што поскоро да започнат работите. Но, има административни пречки. Вели дека постапката заглавила кај отуѓувањето на имотот.
„Сопствениците на земјиштето не се официјални сопственици според документите што значи дека сопственик на ова земјиште во катастар е некој друг кој е починат пред неколку години. За да се уреди пренесувањето на сопственост за да станат сопственици, секако е потребно време“, изјави Фари Реџепи од Општина Сарај.
И додека општината да го реши проблемот со сопственоста, учениците од село Паничари ќе продолжат со настава во тешки услови и оваа година. ТВ21 неколку пати алармираше за условите во училиштето во кое до сега ништо не е инвестирано. Браќата Јакупи се надеваат дека наскоро ќе се изгради објектот иако стравуваат дека селото се празни од ден на ден поради условите со кои се соочуваат жителите. Па поради тоа и да добијат нов објект, може да останат без ученици.