4NEWS.mk

Изгубил контрола и излетал од патот – тешко повреден

Вчера во 13.50 часот било пријавено дека на патниот правец Берово – Беровско Езеро, на местото викано ,,Епрев дол“, Л.А.(64) од Берово, управувајќи патничко возило „БМВ“ со беровски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Во незгодата Л.А. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар Штип. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Берово.

Извор: Сител телевизија

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни