Излезе од затвор и веднаш ја напушти земјата – вели дека властите се обидувале да кажат нешто

Непосредно пред нејзиното излегување од затвор, членката на рускиот панк-состав „Пуси Рајот“, Вероника Никулшина ја напушти Русија.

Според неа, властите се обиделе да кажат нешто.

„Властите се обидуваат да ни кажат нешто!“, рече таа за „Дожд”, независен руски ТВ-канал.

Никулшина отслужи две казни од 15 дена затвор за непочитување на полицијата. По ослободувањето, таа веднаш отиде на аеродром.

Никулшина ја напушти Русија со своето момче, а не сакаше да им каже на новинарите каде оди.

Женскиот состав „Пуси рајот” е познат по своите необични настапи и политички ставови против властите во Русија.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното